Дома Здравје Нормален притисок на ваша возраст: Табеларно за мажи и жени

Нормален притисок на ваша возраст: Табеларно за мажи и жени

14208
0

Нормален притисок на ваша возраст: Табеларно за мажи и жени
Нивото на крвниот притисок се менува со возраста. Параметрите нема да бидат исти за некој кој има 30 и некој што има 60 години.

Кога е во нормални граници, тоа укажува дека состојбата на организмот е задоволителна и дека срцето работи нормално.

Нивото на крвниот притисок зависи од јачината и брзината на срцевите контракции и количината на крв што овој орган може да ја испумпа за 1 минута. Важни се и својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.

Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да се внимава.


Идејата дека една вредност е иста за сите луѓе е заблуда. Познатиот руски лекар Александар Шишонин објаснува дека параметрите како полот и возраста го одредуваат нормалното ниво на крвниот притисок.

Табела за мажи:

За 20-годишно лице, нормалните вредности се 123/76

До 30 години нормално е нивото да биде 126/79

Помеѓу 30 и 40 години 129/81

Помеѓу 40 и 50 години 135/83

помеѓу 50 и 60 години 142/85

По 70-та година 142/80 г

Табела за жени:

За 20-годишно лице, нормалните вредности се 116/72

До 30 години нормално е нивото да биде 120/75

Помеѓу 30 и 40 години 127/80

Помеѓу 40 и 50 години 137/84

помеѓу 50 и 60 години 144/85


По 70. година 159/85 г

Од табелата може да се заклучи дека колку е постара личноста, толку е повисок нормалниот крвен притисок. Тоа е последица на промени во крвните садови, срцевиот мускул и другите органи кои се менуваат со возраста.

Високиот, како и нискиот крвен притисок може да предизвикаат различни здравствени проблеми. За да го одредите неговото точно ниво, неопходно е постојано да го следите неколку дена и да водите дневник на вашите мерења.


Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име