Дома Здравје Нивото на шеќер после оброк може добро да се регулира на овој...

Нивото на шеќер после оброк може добро да се регулира на овој едноставен начин

2192
0

Нивото на шеќер после оброк може добро да се регулира на овој едноставен начин.

Се верува дека медитеранскиот начин на исхрана е добар начин да се намали можноста за дијабетес, висок холестерол, срцеви заболувања, мозочен удар и некои форми на рак. Медитеранскиот начин на живот не е само квалитетна исхрана, туку и физичка активност и дружење.

Нивото на шеќер во крвта не е исто во текот на денот, вредноста се менува по физичка активност, после оброк. Два часа по ручекот, шеќерот треба да биде помал од 7,8 mmol/L кај здрави луѓе, а помалку од 5,6 mmol/L осум часа по оброкот. За пациенти кои се лекуваат од дијабетес, нивото на шеќер во крвта после јадење треба да биде помало од 10,0 mmol/L .

Се верува дека медитеранскиот начин на исхрана е добар начин да се намали можноста за дијабетес, висок холестерол, срцеви заболувања, мозочен удар и некои форми на рак. Овој начин на исхрана, богат со здрави масти , може да ги зајакне коските, да му помогне на мозокот подобро да функционира, да спречи деменција и депресија и да помогне во подобро регулирање на телесната тежина.


Две минути пешачење го регулира шеќерот.


Експертите додаваат дека медитеранскиот начин на живот не е само висококвалитетна исхрана, туку и физичка активност и дружење.

Народите кои го населуваат Медитеранот имаат обичај по ручекот да одат до соседот во близина или да се дружат на градскиот плоштад. Прошетката после ручекот е добар начин за регулирање на нивото на шеќер после оброк. Овие прошетки по ручекот не мора да бидат долги, две до три минути се доволни, според студијата од 2022 година објавена во списанието Sports Medicine.

Гладни пред спиење? Еве што се препорачува да се јаде

Дури и едноставното стоење после оброк може да биде корисно, но не толку како одењето. Повремените паузи во текот на денот и после оброците го намалуваат нивото на гликоза во просек за 9,51 отсто. Сепак, неколку пати поинтензивното одење во текот на денот го регулира нивото на шеќер за 17,01 отсто во споредба со седењето.

Јасно е дека луѓето кои го прекинале долгото седење стоејќи, или уште подобро со кратка прошетка, имале подобро регулиран шеќер – нагласува коавторот на оваа студија Ајдан Бафи од Универзитетот во Лимерик во Ирска.

Шеќерот се зголемува до 90 минути по јадење
Мета-анализата од февруари минатата година опфати седум студии кои го споредија ефектот на седењето, стоењето и одењето врз нивото на инсулин и шеќер во крвта. Луѓето кои учествувале во студијата стоеле или пешачеле две до пет минути, на секои 20 до 30 минути во текот на денот.

Студијата заклучила дека нивото на шеќер е на добро ниво кај луѓето кои имале навика да одат кратка прошетка после ручекот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име