Дома Твој готвач Најлесната сирење пита (рецепт)

Најлесната сирење пита (рецепт)

822
0

Се што ви треба за добра пита е пакетче готови кори, урда, масло, путер и јајца
Наместо да ја виткате со сукало, направете ја питата овој пат така што корите ќе ги наредите една врз друга, а потоа додадете добра количина сирење.

Ќе ви требаат:

1 пакување од 500гр готови кори за пита

500 гр свежо сирење

3 лажици кисела павлака

1 јајце

5 лажици масло + 2 за крај

2 лажици путер + 1 за крај

вода

сол и црн пипер

Подготовка:

Во поголем сад измешајте свежо сирење, јајце и павлака, малку сол и бибер. Садот за печење премачкајте го со путер. Во помал сад измешајте 5 лажици масло со две лажици стопен путер и 50 мл вода. Со добиената смеса премачкајте го првиот лист и ставете го на дното на садот. Повторете го процесот додека не направите куп од пет листови. Врз тоа ставете ја смесата со сирење, па повторно покријте со петте листови кои сте ги премачкале. На крај се премачкува само со масло, путер и останатата смеса и се става во рерна на 200 степени. Печете 30-40 минути. Послужете со јогурт.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име