Дома Здравје Најдобар природен лек за забоболка

Најдобар природен лек за забоболка

501
0

Заборавете на сите оние лекови што ги користите со надеж дека забоболката ќе престане. Се што ви треба е да посегнете по нешто што гарантирано ќе биде составен дел од кујната на секоја домаќинка.

Кога некој ќе каже каранфилче, обично помислувате на варено црвено вино, од кое е важна состојка. Некои го користат и како додаток во исхраната, но верувале или не, има и антиинфламаторно дејство, па за кратко време ќе ви помогне да се ослободите од забоболката.

Наједноставниот потег за забоболка е да ставите цело каранфилче во устата и да го гризнете меѓу здравите заби за да го ослободите маслото.

Омекнато каранфилче чувајте го на болниот заб околу триесет минути. Плукајте го и можете да го повторите процесот неколку пати во текот на денот за да ја олесните забоболката пред да посетите стоматолог.

Ако каранфилчето ви дава непријатно чувство меѓу забите, користете газа. Ставете неколку каранфилчиња во газа и направете мала кесичка. Скршете го каранфилчето со чекан за месо за да го ослободите неговото корисно масло. Нанесете ја навлажнетата газа на болното место.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име