Дома Здравје Напиток кој го буди телото!

Напиток кој го буди телото!

1143
0

Доколку ви треба детоксикација, или тригер за слабеење, а можеби сакате да се ослободите од досадниот замор, се препорачува домашен сок од морков, јаболко и цвекло. Овој рецепт е направен од нашите баби и дефинитивно помага во будењето на телото. Сокот од јаболко, морков и цвекло е богат со здрави состојки, поради што се користи за слабеење, лекување и превенција од болести.


Рецептот е многу едноставен:

Доволно е да изблендирате едно добро исчистено јаболко, цвекло колку тупаница и еден морков. Додадете малку вода доколку е густ. Се препорачува да се консумира пред појадок, бидејќи најдобро делува кога се пие на празен стомак.

Во овој пијалок не се додава шеќер, но ако сакате засладен вкус, можете да додадете малку мед или ако сакате кисело, тогаш лимонот е одличен избор.

Овој здрав напиток содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е и К, како и фолна киселина, цинк, бакар, железо, калциум, калиум, фосфор, магнезиум и натриум. Коктел од здрави состојки промовира губење на тежината, го подобрува видот и меморијата, го забавува стареењето и го зајакнува имунитетот и е незаменлив во програмите за детоксикација.

Доколку сакате да го пробате овој пијалок со малку поинакви состојки, можете да додадете и ѓумбир или портокал, за пијалокот да биде освежителен.

Уживајте во овој здрав, освежителен пијалок…


Izvor: Fresh Food

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име