Дома Твој готвач Намаз од зелен домат

Намаз од зелен домат

2456
0

За да подготвите домашен намаз од зелен домат, најдобро е да користите свеж рен, кој на намазот ќе му даде вистински лут вкус. Воедно ќе биде и исклучително здрав, но и вкусен за консумирање со јадења со месо. Наведената количина на состојки е доволна за околу 2,5 кг доматен намаз.

Состојки

3 кг зелени домати
300 гр свеж рен
3 лажици бел вински оцет
300 мл сончогледово масло
3 супени лажици сенф
3 лажици шеќер
1 лажица сол

Подготовка:

Измијте ги и исушете ги зелените домати и исечете ги на помали парчиња.
Парчињата домати ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете кашеста смеса. Внимавајте да не добиете водена смеса.
Откако ќе ги изблендирате доматите, добиената смеса ставете ја во крпа или цедалка и оставете ја да се исцеди.
Излупете го и исечете го ренот на поголеми парчиња и измешајте го во смесата.
Во сад се ставаат изблендираните домати и рен, белиот вински оцет, сенфот, сончогледовото масло, шеќерот и солта и сето тоа се става на рингла на средна температура и се варат околу 1 час со постојано мешање.
Подготвениот намаз чувајте го во помали стерилизирани тегли. Потребно е да се прелива во тегли додека е уште жешок и да се внимава да не останат меурчиња во намазот.
Оставете ги теглите да се изладат и чувајте ги на темно и ладно место.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име