Дома Твој готвач Летна салата од туна…

Летна салата од туна…

685
0

Брз и лесен ручек за летните денови…

Состојки:

  • 2 конзерви туна
  • 1 поголем краставица
  • 3 лажици сецкан копар
  • 500 мл павлака со помал процент на маснотии
  • 1 стапче целер
  • 3 млад кромид
  • сол, бибер
  • лисја од зелена салата

Подготовка:

Исцедете ја туната, па ставете ја во поголем сад.

Исчистете го, измијте го и исечкајте го целиот зеленчук на помали коцки, ситно исечкајте го копарот и ставете го во сад.

Ситно исецкајте го кромидот.

Додадете сол и бибер по желба и на крај додадете павлака, измешајте сè добро.

Ставете лисја од зелена салата на чинија, ставете салата врз нив и послужете со тост леб.

Прочитај повеќе:

Салата од туна ако брзате, подгответе здрав и вкусен оброк за само 15 минути…

Еве какво влијание има туната врз здравјето

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име