Дома Психолошки совети Краток тест за интелигенција: Дали сте доволно снаодливи за да ги решите...

Краток тест за интелигенција: Дали сте доволно снаодливи за да ги решите овие загатки?

695
0

Логичките загатки се одличен тренинг за мозокот. Решете ги овие загатки и проверете со го нивото на интелигенција Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да ги решите овие загатки. Точните одговори ве чекаат на крајот од текстот.

1. Мистеријата на празниот подрум?

Енди е во подрум кој е прекриен со многу земја и има само еден прозорец кој е поставен многу високо. Во подрумот има и лопата, а Енди има само 2 дена да избега од подрумот. Нема доволно време за копање тунел.

Што мислите, како успеа да избега?

2. Кој го украде прстенот?

Никол отишла во полициската станица и пријавила кражба на прстен чуван со генерации. Кога полицијата дошла во нејзината куќа, забележала голем хаос во куќата и дека прозорецот е скршен. На тепихот се гледале стапалки, но немало други знаци на провала. Следниот ден полицијата ја уапсила Никол за измама.

Зошто?

3. Отровен пијалок?

Марија и Ана отидоа да се напијат по еден пијалок во кафуле. Нарачале исти пијалоци, Ана била многу жедна и веднаш го испила нејзиниот пијалок, додека Марија полека го пиела нејзиниот пијалок. Кој пијалок бил отровен ако само Марија се разболела?

Подоли ќе ги најдете точните одговори …

⬇️
⬇️
⬇️
⬇️
⬇️

1. Енди, со помош на лопатата, направи куп земја под прозорецот и така успеа да го достигне до прозорецот и да излезе надвор.

2. Веднаш штом полицијата пристигна на местото на злосторството, тие знаеја дека Никол сама го сторила тоа. Стаклото од скршениот прозорец се наоѓало од надворешната страна на куќата, што значи дека било скршено од внатре во куќата.

3. Отровот бил во мразот и додека Ана го испила пијалокот, мразот неможел да се растопи за толку кратко време.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име