Дома Здравје Костенот е исклучително здрава и квалитетна храна

Костенот е исклучително здрава и квалитетна храна

921
0

Костенот е исклучително здрава и квалитетна храна. Во продолжение дознајте зошто е толку здраво…

Костенот не содржи глутен

Оние кои боледуваат од целијачна болест или мислат дека глутенот им прави проблеми, можат без страв да уживаат во костени. Костените се исто така честа состојка во производите без глутен.

Полн е со витамин Ц.

Во 100 г печени костени може да се најдат дури 26 мг витамин Ц, што е многу импресивно.

Одржува стабилно ниво на енергија

Вистина е дека костените се богати со јаглехидрати, но сепак тие се сложени јаглехидрати кои се разградуваат побавно од едноставните. Покрај тоа, 100 г костени содржат и 5 г диетални влакна, поради што костенот не го зголемува нивото на гликоза во крвта премногу брзо.

Костени и холестерол

Токму поради содржината на влакна, костените се посакувана храна во исхраната на луѓето со висок холестерол во крвта.

Костените се добар извор на фолати

Дури 70 мг фолна киселина содржи 100 г печени костени. Фолната киселина спаѓа во групата на витамини Б, а е добра за имунитетот и е важна за жените во репродуктивната фаза од животот. Затоа оваа есен одете на костени, но имајте на ум дека 100 г костени содржи околу 250 калории.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име