Дома Здравје Кои се позитивните ефекти од консумирањето на жолчка од јајце

Кои се позитивните ефекти од консумирањето на жолчка од јајце

644
0

Со конзумирање на јајца во организмот внесувате протеин кој е неопходен за опоравување на мускулите, а жолчката има неколку дополнителни предности.
Нутриционистот Тоби Амидор објасни за списанието Eat This, Not That дека жолчките содржат лутеин, кој е поврзан со здравјето на очите. Поточно, има способност да спречи макуларна дегенерација, односно губење на видот што се јавува за време на процесот на стареење.

“Жолчката содржи речиси половина од протеинот во јајцето. Тие помагаат да се изгради мускулна маса и затоа никогаш не треба да ја фрлате жолчката”, вели тој.

Жолчките од јајце содржат и омега-3 масни киселини, кои го одржуваат срцето здраво и го намалуваат ризикот од смрт од срцеви заболувања. Некои омега-3 масни киселини дури можат да го убијат ракот и да помогнат во лекувањето на артритисот.

„Жолчката содржи и витамин Д, кој го апсорбира калциумот и на тој начин ги зајакнува кревките коски“, вели тој.

Тој додаде дека е важно и децата и возрасните да јадат жолчки за да се намали ризикот од болести на коските, кои вклучуваат рахитис (кај децата) и остеопороза (кај возрасни).

„Насоките за исхрана за Американците 2020 – 2025 наведуваат дека оваа популација недоволно консумира витамин Д“, заклучува Амидор.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име