Дома Здравје Земањето еден додаток секој ден може да спречи деменција, велат научниците

Земањето еден додаток секој ден може да спречи деменција, велат научниците

15117
0

Земањето еден додаток секој ден може да спречи деменција, велат научниците

СПОРЕД Alzheimer’s Research UK, 98 отсто од луѓето би можеле да го подобрат начинот на кој се грижат за здравјето на својот мозок, а една неодамнешна студија покажа дека едноставен додаток во исхраната може да биде корисен во спречувањето на појавата на деменција. Научниците потврдија дека ја подобрува функцијата кај луѓето над 60 години кога се зема 12 недели.

Додатокот се состоеше од два лесно достапни извори на растителни влакна: инулин и фруктоолигосахариди (FOS). Овие супстанции се сметаат за пребиотици, храна која ги храни „добрите“ бактерии кои живеат во човековите црева.

Овие бактерии и други микроби, колективно познати како цревниот микробиом, претходно беа поврзани со когнитивното здравје и болести како Алцхајмеровата болест. Така, истражувачите сакаа да откријат дали земањето пребиотици може да му помогне на мозокот да функционира подобро кај постарите луѓе.

Скриени симптоми на деменција: Внимавајте на раните знаци

Додатоците имаат позитивен ефект врз когнитивните перформанси
Учесниците кои земале додатоци со влакна, кои содржат инулин и фрукто-олигосахарид, не нашле подобрување во мускулната сила, но постигнале подобри резултати на неколку тестови за меморија, време на реакција и брзина на обработка на информации.

„Овие растителни влакна, кои се евтини и достапни преку шалтер, може да имаат корист за широка група луѓе во овие времиња. Тие се исто така безбедни и прифатливи“, изјави авторката на студијата, професорката Клер Стивс за HuffPost.

„Откривањето на тајните на врската црево-мозок може да понуди нови пристапи за поздрав и подолг живот“, заклучил вториот автор на студијата, д-р Ни Лохлајн.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име