Дома Здравје Здрави хранливи пијалоци…

Здрави хранливи пијалоци…

676
0

Кога е во прашање пост празничната детоксикација за која убаво ја објаснивме медитеранската диета во претходните наши објави денес ја надополнуваме таа лесна храна со здрави хранливи пијалоци за целосна детоксикација. Лесното дневно мени се препорачува да се надополни со хранливи пијалоци засновани на зеленчук и овошје што се подготвуваат во блендер.


Основниот рецепт за зелено смути

  • Вклучува зелен листест зеленчук како што е суров спанаќ, ќељ, блитва, целер, магдонос, брокула… во комбинација со овошје како портокали, киви, јаболка, круши, банани и бобинки кои можат да бидат свежи или замрзнати
  • Органското овошје и зеленчук се претпочита да го направи пијалокот похранлив и да содржи што помалку пестициди и други потенцијални загадувачи.
  • За да се балансира вкусот, односот е обично 40 проценти листест зеленчук и 60 проценти овошје, а изворската вода се користи за да се постигне саканата конзистентност.
  • Секако, предуслов за добар пијалок е квалитетен блендер
    И покрај фактот дека зелените пијалоци имаат најголема репутација кај населението кое е свесно за здравјето, постојат безброј различни пијалоци кои можат да бидат подготвени од овошје и зеленчук до личен избор. Таквите пијалоци ја збогатуваат дневната исхрана и обезбедуваат голем број на хранливи материи и корисни материи. Богати се со антиоксиданти, минерали, витамини и бројни растителни материи со корисен ефект врз детоксикациските ензими на организмот.

Плус смути состојки


Како основа, освен вода може да се користат и течен јогурт, овошен јогурт, млеко – овесна каша, ориз, млеко од кокос и од соја – и овошни сокови.
Бројни додатоци и зачини го збогатуваат вкусот и придонесуваат многу и за општото здравје. Тука се ѓумбирот, циметот, куркумата, разните прашоци од супер овошје или растителни масла – ленено семе, кокосово или маслиново масло.
Мед или агава сируп обично се користат како засладувачи.
На крај можете да додадете малку сецкани ореви, суво овошје, семиња…
Се зависи од вашиот вкус и вашата имагинација!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име