Дома Твој готвач Еве колку секој вид месо може да издржи во ФРИЖИДЕР, а КОЛКУ...

Еве колку секој вид месо може да издржи во ФРИЖИДЕР, а КОЛКУ во замрзнувач!

910
0

Складирањето на храна отсекогаш било причина за загриженост…


Дури и кога мирисот на месото е совршено фин, се случува да не сме сигурни дали после одредено време можеме да го користиме за храна.

Ако се прашувате:

Пилешко и мисиркино месо

Пилешкото и мисиркиното месо можете да ги чувате во фрижидер само ден-два, но до една година во замрзнувач. Ако месото е сварено, можете да го чувате неколку дена подолго, но ако замрзнете варено месо, тоа не може да издржи подолго од два до шест месеци.

Црвено месо и свинско месо

Црвеното месо и свинското месо можат да останат во фрижидер до пет дена и може да се замрзнат од четири до 12 месеци. Вареното црвено месо може да издржи три до четири дена во фрижидер и два до шест месеци во замрзнувач.

Мелено месо

Меленото месо, како говедско, телешко, свинско или пилешко и мисиркино месо, може да се чува во фрижидер до два дена, а замрзнато три до четири месеци.

Колбаси и виршли

Колбасите и виршлите во фрижидер може да траат две недели доколку се неотворени, а доколку сте ги отвориле треба да ги консумирате во рок од три до пет дена по отворањето. Ќе трае од еден до два месеци во замрзнувач.

Месните салати од пилешко, туна, јајца и тестенини ќе траат три до пет дена во фрижидер и не треба да ги замрзнувате.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име