Дома Здравје Еве зошто е задолжително да се испие чаша вода по будењето

Еве зошто е задолжително да се испие чаша вода по будењето

6629
0

Еве зошто е задолжително да се испие чаша вода по будењето

Нема сомнеж дека водата е еден од најкорисните пијалоци за целокупното здравје. Познат е фактот дека 2/3 од човечкото тело е направено од вода и дека овој пијалок е од витално значење за опстанок.

Едноставна навика која вклучува пиење вода дефинитивно може позитивно да влијае на вашето здравје. Доколку сакате свеж и сјаен тен, добро варење, но и органска „животност“, во моментот кога ќе се разбудите, првото нешто што треба да направите е да испиете чаша вода, истакнуваат експертите.

Тие исто така наведуваат дека ако мислите дека тоа е тривијално, се лажете. Еве зошто е важно пиењето вода наутро и зошто тоа мора да стане навика.

Ова е познато како јапонска терапија со вода и е исклучително ефикасна во спречување на разни болести и здравствени состојби како што се:

  • артритис
  • колитис
  • мигрена
  • намалување на болката
  • болка во градите
  • елиминирање на лошиот холестерол
  • висок крвен притисок

Кога ќе се разбудиш. треба да испиете 650 ml вода веднаш по будењето.

Потоа, 45 минути откако ќе се напиете вода, започнете ја вашата дневна рутина – појадувајте, па дури потоа испијте кафе, доколку телото „го побара“.

Експертите од Беркли советуваат да се пие најмалку една чаша вода пред секој оброк и да не се пие ништо два часа после оброк.

На овој начин драстично ќе го подобрите вашето здравје, тврдат тие.

Запомнете, телото природно губи вода секој ден преку нормални процеси како мокрење, потење, па дури и дишење, според д-р Вилијам В. Ли. Некои фактори, како што се физичката активност, топлината или одредени лекови, може дури и да го забрзаат губењето на течности.

Но, без оглед на вашите посебни потреби за вода, едно е сигурно – треба да ја пиете секој ден. Додека спиете, не е можно да пиете вода, а вашето тело ќе продолжи да користи и губи течности во текот на ноќта без да се надополнува.

Во таа смисла, пиењето вода кога ќе се разбудите наутро дефинитивно може да обезбеди некои здравствени придобивки.

Утринската хидратација е добра, но не е апсолутно неопходна.

Иако оваа навика е секако здрава, таа не е пресуден фактор за добра хидратација и здравје. Најважно е да пиете вода.

„На крајот од денот, најважно е да останете хидрирани“, вели д-р Кели

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име