Дома Здравје Еве зошто велат: „Ти си тоа што го јадеш“

Еве зошто велат: „Ти си тоа што го јадеш“

748
0

Храната која наликува на човечки органи е исто така клучна за зачувување на нивното здравје. Можеби никогаш не сте размислувале за храната на тој начин, но тоа е суштината на изреката: „Ти си тоа што го јадеш“. Има многу намирници кои наликуваат на нашите органи, а тие се клучни за поефикасно функционирање на органите и зачувување на нивното здравје.

Зелка – вени

Листовите од зелката изгледаат како да се исткаени со жили и се одличен третман за воспалени вени кога се нанесуваат како облога.

Авокадо – матка
Обликот на авокадото изгледа како матка и навистина го поддржува репродуктивното здравје на жената, бидејќи е добар извор на фолна киселина, што го намалува ризикот од цервикална дисплазија, што е сериозна состојба на овој орган.

Целер – коски
Овој вид целер има стебленца кои личат на коски – а овој зеленчук е одличен избор за здравјето на коските, бидејќи е одличен извор на силикон, кој е дел од молекуларната структура која им дава цврстина на коските.

Домат – срце
Кога ќе исечеме домат, гледаме дека овој зеленчук има неколку комори кои наликуваат на структурата на срцето. Познато е дека ликопенот од доматите го намалува ризикот од срцеви заболувања. Ако сакаме да ја зголемиме апсорпцијата на ликопен речиси десет пати, треба да јадеме домати со некои здрави масти, како што се маслиново масло или кикирики.

Репка – крв
Цвеклото е богато со антиоксиданси и железо, сокот од цвекло има боја на крв и е одлично средство за чистење на крвта и подобрување на крвната слика кај анемичните луѓе.

Ореви – мозок
Јаткастите плодови се одлична храна за мозокот, а токму така изгледаат. Тие содржат многу висока содржина на омега-3 масни киселини, кои му помагаат на мозокот да функционира како што треба.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име