Дома Здравје Добри вести: Маж со Паркинсонова болест доби специјален имплант и сега оди...

Добри вести: Маж со Паркинсонова болест доби специјален имплант и сега оди без проблеми

1123
0

Добри вести: Маж со Паркинсонова болест доби специјален имплант и сега оди без проблеми

Марк Готје од Франција има 63 години, а веќе 20 години боледува од Паркинсонова болест, која значително влијае на неговото движење. Тој е и првиот пациент кој добил имплант на ‘рбетниот столб за лекување на оваа болест и тоа му овозможило сега нормално да оди.


Паркинсоновата болест е нарушување на централниот нервен систем кое влијае на целото тело и предизвикува треперење на рацете и нозете, како и намалување на способноста за движење. Оваа болест не може да се излечи, но симптомите може да се ублажат со лекови или операција. Сепак, 63-годишникот е првиот што доби имплант кој ја враќа нормалната спинална сигнализација на мускулите на нозете. Така Марк носи сензор за движење на секоја нога, а кога ќе почне да оди, имплантот автоматски се вклучува и испраќа импулси до ‘рбетните неврони.

  • Практично не можев да одам без постојано да паѓам, неколку пати на ден. Во некои ситуации дури би се „замрзнал“ или би се сопнал. Сега не се плашам ни да одам по скалите. Секоја недела одам до езерото и пешачам околу шест километри, изјави Марк за theguardian.com .

Ова е само почеток на студијата и научниците допрва ќе испитуваат се детално и ќе следат како се развива ситуацијата, но засега се задоволни.

  • Импресивно е да се види како со насочена електрична стимулација на ‘рбетниот мозок можеме да ги исправиме нарушувањата на одењето предизвикани од Паркинсоновата болест, изјави неврохирургот Џоселин Блох од Универзитетската болница во Лозана.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име