Дома Твој готвач Десерт со три состојки и без печење: Потребни се само десет минути...

Десерт со три состојки и без печење: Потребни се само десет минути за да се подготви

1297
0


Урмите, какаото и оревите ќе направат неодоливи коцки кои се идеални за секоја пригода.


Овие коцки без печење не содржат брашно, јајца, рафиниран шеќер, масло или путер и се многу здрав оброк. Особено се препорачуваат за појадок или ужина, кога ќе останете без енергија.

Потребни се само десет минути за да се подготват и, со соодветно складирање, можат да траат долго време. Тие се направени од само три состојки: какао во прав, урми и ореви.

Наместо урми, можете да користите сливи или суво грозје. Оревите можете да ги замените и со друг вид јаткасти плодови, како бадеми. Можно е да се заменат со овесна каша.

Состојки:
165 грама урми без јами

2 лажици незасладено какао во прав

1/2 чаша (45 g) ореви (ситно сецкани или мелени)

Подготовка:
Сомелете ги урмите додека не се добие мазна маса, а потоа додадете го какаото во прав и сè убаво измешајте. Потоа додадете ги оревите и повторно добро измешајте.

Смесата ставете ја во калап или во плех со претходно поставена најлонска фолија. оставете да се стврдни па потоа исечете ги на коцки.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име