Дома Здравје ДАЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО НЕСОНИЦА? Благодарение на овој пијалок за спиење, ќе...

ДАЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО НЕСОНИЦА? Благодарение на овој пијалок за спиење, ќе спиете како мало дете

8474
0

ДАЛИ ИМАТЕ ПРОБЛЕМ СО НЕСОНИЦА? Благодарение на овој пијалок за спиење, ќе спиете како мало дете

Изборот на пијалоци што ги консумирате пред спиење влијае на вашето здравје и спиење.

Постојат пет типа на пијалоци кои ќе имаат значително позитивно влијание врз организмот.

Повеќето луѓе сметаат дека какаото е класичен пијалок пред спиење. Го консумирале Маите, подготвувајќи го од зрна какао, зовриена вода и некои зачини. Какаото до ден денес останува најпопуларниот избор на топол пијалок пред спиење.

Чај од камилица

Доколку не сакате да консумирате млеко пред спиење, смирувачкиот чај од камилица е одличен избор. Одличен е за смирување, опуштање на нервите и смирување на желудникот, што резултира со длабок и мирен сон. За најдобар ефект, испијте шолја незасладен чај од камилица 30 минути пред спиење.

Топло млеко

Ако родителите ви рекле да испиете чаша топло млеко пред спиење, постојат научно докажани причини за тоа. Амино киселината триптофан му помага на телото да го произведе хормонот потребен за мирен сон. Млекото е богато со калциум и е одличен извор на протеини. Не е ни чудо што е еден од најлесните пијалоци за пиење пред спиење.

Чај од нане

Исто како случајот со камилицата, дури и нането е природна алатка која му помага на телото. Доколку следниот ден имате важен настан и треба да бидете одморени и поспани, пијте чај од нане. Тоа е вкусен и освежителен билен чај кој го смирува желудникот, ја намалува мачнината и ја ублажува анксиозноста.

Топло чоколадо

Топлото чоколадо и какаото често се поистоветуваат, но тие всушност се различни. Топлото чоколадо е традиционален пијалок кој е погуст и покремаст, содржи какао путер и какао во прав. Тоа е побогата алтернатива на какаото, а се подготвува со млеко, за разлика од какаото кое се подготвува со топла вода. Тоа е одличен избор за деца.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име