Дома Здравје Глуварчето прави чуда за телото! Го има во шума и во парк,...

Глуварчето прави чуда за телото! Го има во шума и во парк, а незнаете колку е корисно

10895
0

Глуварчето прави чуда за телото! Го има во шума и во парк, а незнаете колку е корисно

Глуварчето е популарна дива билка, која ја поттикнува работата на бубрезите и црниот дроб, го намалува холестеролот, ја зајакнува крвта и помага при алергии.

Глуварче, пролетно богатство

Глуварчето е диво растение кое е богато со витамини А и Ц, калциум, калиум и натриум. Тоа е растение кое ја поттикнува работата на бубрезите, црниот дроб и дигестивниот систем, го намалува холестеролот, ја зајакнува крвта, помага при алергии.
Расте на ливади со умерена и студена клима, а може да се користи од коренот до цветовите. Од неговиот корен најчесто се приготвува чај кој помага при дигестивни проблеми, а се препорачува и за луѓе кои боледуваат од дијабетес. Стебленцата од глуварче се сметаат за средства за чистење на телото бидејќи го регулираат метаболизмот, ја чистат крвта и желудникот. Тие помагаат и во отстранување на вирусните брадавици. „Млекото“ од средината на стеблото треба да се намачка на брадавицата додека не се исуши и падне.

Раните пролетни листови од глуварче се користат за подготовка на салати и чорби, а се препорачуваат во исхраната на трудниците, доилките и жените во менопауза. Цветовите на глуварчето се исто така за јадење, а најдобро се берат напладне, кога се најотворени.
Сирупот или „медот“ најчесто се подготвува од цветови од глуварче, кој може да се додаде во разни деликатеси или да се пие самостојно, пред се како сируп против кашлица за деца.


Сируп од глуварче
Компоненти:

200 гр цветови од глуварче со стебло

2 лимони

1,5 л. топла вода

1 кг. шеќер

Подготовка:

Исечкајте ги стеблата и цветовите на глуварчето, па прелијте ги со топла вода. Додадете исечен лимон или исцеден сок од лимон, па сè заедно гответе на тивок оган околу половина час. Процедете ја течноста, додадете шеќер и варете уште 15 минути. Истурете го врелиот сируп во претходно стерилизирани стаклени шишиња или тегли и внимателно покријте го. Чувајте го на темно, ладно место до следната сезона на глуварче.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име