Дома Родители и деца Во овие земји, бебињата спијат надвор во зима, дури и на минус...

Во овие земји, бебињата спијат надвор во зима, дури и на минус 30

1538
0

Ако патувањето ве однесе во Шведска, Данска, Финска и забележите дека многу бебиња спијат безгрижно во своите колички надвор, иако времето можеби не е идилично, всушност е екстремно студено, немојте да се чудите! Ова е вообичаена практика во земјите од северна Европа, а температурите под нулата не ги спречуваат родителите да ги остават своите бебиња на тераса, игралиште, пред продавница или ресторан.

Додека родителите пијат кафе или купуваат секојдневни потреби, бебињата во Скандинавија спијат надвор, а има дури и посебни зони само за колички. Скандинавците веруваат дека нема лошо време, туку само погрешна облека! Затоа и во зима, без разлика на студот или снежните врнежи, децата се оставаат кратко да спијат надвор. Се разбира, тие се добро облечни и често завиткани во водоотпорни вреќи за спиење. Родителите, очекувано, одвреме-навреме ја проверуваат топлината на телото и состојбата на бебето.

Идејата за „спиење на ладно“ потекнува од Финска на почетокот на 20 век, кога стапката на смртност кај бебињата била многу висока. Арво Илпо, педијатар, истакна дека децата не треба да поминуваат многу време во мали, затворени и лошо проветрени простории бидејќи затоа се повеќе склони на вируси и бактерии. Тој верувал дека децата уште од најраните денови од животот треба да се зајакнат за да ја издржат суровата финска клима. Неговите методи го донесоа посакуваниот ефект.

Тамошните експерти истакнуваат неколку предности од спиењето на свеж, леден воздух:

  1. Подолг и подобар сон

Тим фински научници предводени од Марја Торула тврди дека децата кои спијат надвор поминуваат од 1,5 до 3 часа во сон, додека децата кои спијат внатре спијат само 1 до 2 часа. По дремката надвор, тие се далеку посвежи, поенергични и подобро јадат. Покрај тоа, тие заспиваат побрзо ноќе.

„Ограниченото движење веројатно го продолжува спиењето, а студената средина дозволува да не се прегреат“, изјави Торуло за Би-Би-Си, додавајќи дека нејзиното истражување покажало дека -5 степени е најдобрата температура за спиење на отворено, иако некои родители со кои разговарала децата ги оставаат дури и на -30!

  1. Подобар имунитет

Спиењето надвор не го зголемува ризикот од инфекции, дури и децата кои спијат на студ имаат поефикасен имунолошки систем и многу поретко се разболуваат.

  1. Инвестирање во иднината

Консолидирањето на децата од најрана возраст води до подобар академски напредок кога ќе почнат на училиште. Тоа пред се се должи на фактот што се поотпорни на болести, па многу помалку ги пропуштаат часовите.

Се разбира, Скандинавците ја прескокнуваат оваа практика ако квалитетот на воздухот во нивната област е лош или има премногу смог.

„Мислам дека е добро за нив да бидат на свеж воздух. Особено во зима кога кружат многу вируси… Децата се поздрави“, изјави Лиза Мардон за Би-Би-Си во Стокхолм. Нејзините три деца од раѓање спијат надвор.

Некогаш го заспивала најмладиот Алфред надвор два пати на ден, а кога наполнил две години, тој спиел надвор еднаш дневно по час и половина. Мајката на Лиза го правела истото со неа кога била бебе. А и таткото на Лиза, Питер, мајка му го оставила во количка пред куќата, а таа го внесувала внатре дури кога температурата ќе падне на -10.

И денес, повеќето градинки во Шведска ја негуваат оваа рутина, па не е невообичаено да се видат редови на колички наредени на снегот пред спиење. Има дури и предучилишни установи каде децата целото време го поминуваат на отворено, од 9 до 15 часот. Децата на свеж воздух прават се што би правеле во затворени простории, а внатре влегуваат само за време на оброците или кога е невообичаено студено.

„Многу е важно децата да имаат нешто волнено облечено најблиску до нивното тело, топла облека и топла вреќа за спиење“, вели Мартин Јарнстром, директор на една шведска градинка.

Експертите се поделени околу тоа дали оваа скандинавска практика има основа во реалноста и дали децата кои спијат на отворено навистина „заработуваат“ помалку настинки и слични состојби. Педијатарот Маргарета Блену нагласи дека извештаите на Шведската агенција за заштита на животната средина покажуваат контрадикторни резултати.

„Во некои студии, тие открија дека децата од предучилишна возраст кои главно поминувале многу време надвор, не само додека спиеле, имале помалку отсуства од оние кои поголемиот дел од времето го поминувале во затворени простории. Во други студии, немало разлика“, рече таа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име