Дома Здравје Бојата на вашиот јазик открива колку сте здрави

Бојата на вашиот јазик открива колку сте здрави

1018
0


Доколку се сомневате во некоја од болестите, задолжително консултирајте се со лекар

Промената на бојата, отокот, влажноста, сето тоа се сигурни показатели дека нешто не е или е во најдобра состојба со вашето здравје.

Бел јазик

Ова е бојата на јазикот што укажува на габична инфекција со кандида, која најчесто е резултат на долго земање антибиотици, но се јавува и поради пад на имунитетот.

Виолетов јазик

Темно виолетова боја на јазикот може да биде знак за слаба циркулација и висок холестерол во крвта. Најчесто е знак за депресија и недостаток на енергија и се јавува како резултат на лошата исхрана и недоволната физичка активност.

Син јазик

Ако бојата на јазикот е сина, тоа е нарушување на кардиоваскуларниот систем, белите дробови или проблеми со бубрезите. Може да биде последица и на цијаноза, болест која се карактеризира со појава на темно сино или сино ткиво во телото.

Жолт јазик

Жолтиот јазик е знак на лоша хигиена и може да укажува на инфекција. Обично пожолтува од пијалок како што е кафето и е резултат на акумулирани бактерии.

Црн јазик

Антибиотиците или другите лекови може да бидат одговорни за црниот јазик. Оваа боја на јазикот е безопасна освен ако не е дехидрација на телото. Исто така, површината на јазикот може да ја промени бојата поради цигарите.

Доколку се сомневате во некоја од болестите, задолжително консултирајте се со лекар и побарајте стручен совет како и помош.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име