Дома Твој Готвач Тесто за најубавите полнети лепчиња (рецепт)

Тесто за најубавите полнети лепчиња (рецепт)

765
0

Идеално тесто за ужина или појадок, а ќе ве воодушеви неговата свежина во наредните денови.

Полнетите лепчиња звучат добро на првото спомнување, а кога ќе ги пробате, сласта на вкусови ќе ве освои засекогаш.
Освен што е прилично едноставно за приготвување, ова јадење е многу вкусо и ќе биде омилено особено кај децата.


Состојки:

200 мл млеко
1 лажица шеќер
25 g свеж или 7 g сув квасец
200 мл вода
100 мл масло
1 лажица сол
700 гр брашно + малку да се измеша
100 гр маргарин

Полнење:

500 гр ситно сирење
200 гр тврдо сирење
100 гр филе, панцета или нешто слично сушено


Подготовка:

Прво активирајте го квасецот така што ќе го растворите во малку топло млеко и шеќер, а маргаринот ќе го оставите во замрзнувач. Измерете 700 грама брашно, истурете вода и 70 мл масло, потоа додадете го квасецот и сè измешајте.

Оставете го тестото да стаса околу еден час и за тоа време направете го филот. Измешајте ситно сирење со рендано тврдо сирење и сечкано суво месо.

Добиеното тесто развлечете го во правоаголник и наросете го филот, па свиткајте во ролна.
Потоа исечете го ролатот на онолку парчиња колку што сакате. Секое топче развлечете го повторно малку, за да биде погусто центарот, повторно додадете го филот и спојте ги рабовите. Превртете ја топката и малку завртете ја, па малку развлечете ја со сукало за да добиете дијаметар од околу 15 см.

Изматете ги жолчките и една лажица шеќер, па премачкајте ги лепчињата. Оставете ги да нараснат 30 минути, па вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Печете ги лепчињата 20-25 минути, во зависност од тоа колку ви се допаѓаат добро подготвени.

Претходна објава10 природни средства за чистење на црниот дроб
Следна објаваДали сте слушнале за мукозна циста: Тие најчесто се предизвикани од гризење на усните

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име