Дома Здравје Дали сте слушнале за мукозна циста: Тие најчесто се предизвикани од гризење...

Дали сте слушнале за мукозна циста: Тие најчесто се предизвикани од гризење на усните

908
0

Колку пати сте ја гризнале усната од досада или едноставно се гризете додека јадете? Во повеќето случаи се смета за безопасно од многумина, но по некое време може да се појават последици.

Поголемиот дел од населението барем еднаш во животот се сретнал со орални проблеми, особено кога станува збор за рани, фистули. Од една таква микротраума може да се појави циста, која исто така се нарекува мукозна циста.

Мукозната циста е безопасна, а тоа е оток исполнет со течност што наликува на меур во устата. Најчесто се јавува на внатрешната страна на усната. Првиот симптом е појавата на испакнатина во вид на црвена афта, која побелува при нејзиното созревање, а доколку не помине сама од себе, што е случај, се формира оваа циста.

Циста обично се развива кога плунковните жлезди се затнат со премногу слуз, но тоа може да има и други причини. Овој проблем ја погодува популацијата од 10 до 25 години, но може да се појави кај луѓе од сите возрасти и двата пола.

Најчесто се предизвикани од гризење на усните, гризење на внатрешноста на образот, компликации со пирсинг, случајно пукање на плунковната жлезда, кога соседните заби предизвикуваат оштетување на слузокожата, орални инфекции или реакции на инфекции, лоша орална хигиена.


Нелекуваните цисти може да доведат до апсцеси – болно воспаление исполнето со гној или слабеење на виличната коска. Во овој случај, стоматологот треба веднаш да се извести.

Површни цисти често исчезнуваат сами од себе. За да спречите инфекција или оштетување на ткивото, никогаш не обидувајте се да ги отворите или отстраните цистите дома. Цистите обично се отстрануваат со ласер, криотерапија (замрзнување), инјектирање на кортикостероиди во цистата за да се намали воспалението или операција, која е најчеста.

По хируршкото отстранување на цистата, неопходно е да се следат упатствата на стоматологот, кои обично вклучуваат избегнување топли напитоци во почетните денови. Неопходно е да се јаде кашеста храна за да се избегнат нови трауми, адекватната хигиена е клучот за закрепнување. После секој оброк, потребно е да ги миете забите и да нанесете гел препорачан од вашиот стоматолог. За да се ублажи воспалението, пожелно е да се измие устата со чај од камилица или жалфија.

Закрепнувањето обично трае седум до четиринаесет дена.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име