Дома Твој готвач Пробајте го рецептот за вкусно пилешко со праз и павлака. Готов е...

Пробајте го рецептот за вкусно пилешко со праз и павлака. Готов е за половина час

668
0

Пробајте го рецептот за вкусно пилешко со праз и павлака. Готов е за половина час


Ако ви се брза, а сепак сакате да јадете нешто вкусно, денес ви носиме едноставен рецепт за вкусно пилешко со праз и павлака.

За да го подготвите ова јадење ќе ви треба околу половина час.

Состојки:
500 грама пилешко
700 грама праз
1 лажица мелена пиперка
малку путер
10 милилитри бело вино
1 чаша кисела павлака

Подготовка:
Пилешкото исечкајте го на помали парчиња, а празот исечете го на прстени.
На путер пропржете го месото и кон крајот додајте ги прстените од празот.
Зачинете со мелен црвен пипер и сè прелијте со малку вода. Сето тоа измешајте, па додајте бибер и сол и оставете го да се готви на тивок оган прелијте го со вино додека месото не омекне.
Кога се е готово измешајте ја павлаката.
Како прилог можете да послужите тестенини, пире, ориз или њоки.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име