Дома Живот Научниците тврдат дека ова е температурата на која најдобро спиеме

Научниците тврдат дека ова е температурата на која најдобро спиеме

647
0

Научниците тврдат дека ова е температурата на која најдобро спиеме

ВНИМАВАЈТЕ температурата на воздухот во вашата спална соба да биде помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови бидејќи тоа е неопходно за добар сон. Истражувачите откриле дека спиењето е најефективно во тој температурен опсег. Квалитетот на сонот се намалува кога температурата е пониска и повисока од споменатите, предупредуваат тие.

Истражувачите од институтите Хинда и Артус Маркус во САД побарале од 50 волонтери на возраст од 65 и повеќе години да носат монитори за спиење година и половина. Истражувањето било спроведено во Бостон, крајбрежен град со топли и влажни лета и студени и бурни зими, а учесниците спиеле во своите домови.

Анализата покажала дека учесниците најефективно спиеле кога температурата во спалната соба била помеѓу 20 и 25 степени Целзиусови. Во тој опсег тие биле најмалку немирни, а на температура од 20 Целзиусови најдолго спиеле. Со зголемувањето на температурата на 30 Целзиусови, забележан е пад на ефикасноста на спиењето за 5 до 10 проценти.

Резултатите од оваа студија беа објавени во списанието Science of the Total Environment. Да споменеме и дека недоволниот квалитет на сонот влијае на когнитивните перформанси, стресот, активноста, анксиозноста, расположението и заморот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име