Едноставна утринска навика која ви го подигнува расположението! Веднаш ќе ве придвижи
Ако почнете да пиете вода секое утро, веднаш штом ќе се разбудите, ќе доживеете многу позитивни промени.
Водата за пиење е од суштинско значење за исфрлање на токсините, забрзување на метаболизмот, контролирање на внесот на калории, зајакнување на имунитетот, подобрување на здравјето на кожата и многу повеќе.
Истражувањето спроведено во 2020 година покажа дека пиењето 500 милилитри вода, или околу две чаши, по 12 часа дехидрација ја подобрува меморијата и расположението.
Исто така, истражувањето покажало дека пиењето 200 милилитри вода дава многу од овие придобивки, додека 100 милилитри биле многу помалку ефикасни.
- Водата сочинува 60-70 проценти од телесната тежина. Тоа е клучно за секој систем и метаболичка активност на човечкото тело , напишаа истражувачите од Универзитетот во Пекинг во Кина во Меѓународниот весник за истражување на животната средина и јавно здравје.
Докторката Кјара Ортиз-Пујолс истакна дека губиме вода додека спиеме, преку физиолошки процеси како што се дишењето и потењето.
- Водата за пиење ви помага да се рехидрирате за оптимално функционирање. „Тоа исто така помага да се подготви вашиот дигестивен систем за храната што ја јадете подоцна во текот на денот “, рече докторот.
Топлата вода наутро го подобрува функционирањето на дигестивниот систем, додека ладната вода го подобрува функционирањето на метаболизмот, пренесува New York Post.