Дома Позитив на денот Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски

Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски

151
0

Денеска се слави Свети Никола, најчестата слава на православните верници во месец декември.

Свети Никола (Свети Николај Чудотворец) е еден од најпочитуваните светци, а го слават и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција.

На овој ден именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светец. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале.

На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Бидејќи во тек е божикниот пост, на овој ден не се јаде мрсна храна.

Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, израдувајте ги денеска децата со некаков ситен подарок. Тие ќе бидат среќни, а вам ќе ви биде убаво, како што наложува народната традиција.

Старите исто такка верувале дека доколку славата не се прослави правилно, според традицијата и обичаите, може да навлечете грев на куќата и на домашните.

За многу години нека е празникот Свети Никола!

Претходна објаваХолестерол и триглицериди…
Следна објава5 симптоми непогрешливо укажуваат на висок крвен притисок, доколку ги препознаете, веднаш контактирајте го вашиот лекар

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име