Дома Позитив на денот Денес 25 декември се празнува Преподобен Спиридон Чудотворец

Денес 25 декември се празнува Преподобен Спиридон Чудотворец

756
0

Денес 25 декември се празнува Преподобен Спиридон Чудотворец

Именден празнуваат: Спиридон, Спиро…
Св. Спиридон направил чудо, кога за да ги демантира еретиците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода. Празник на кондураџиите.

На 25 декември Светата православна црква го празнува споменот на Свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните. Многу неверници придобил кон христијанската вера. Умрел во 348 година.

Меѓу народот има повеќе легенди и верувања поврзани со името на Св. Спиридон Чудотворец, меѓу другото дека бил еснафски празник на кондураџиите, самарџиите и шарлаганџиите.

Легендата раскажува дека Св. Спиридон направил чудо на Никејскиот собор во 325 година кога за да ги демантира еретиците и Ариевците стиснал ќерамида во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.

За многу години!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име