Дома Позитив на денот ПРИКАЗНА ЗА ДВАТА ВОЛЦИ: Се чита за 10 секунди, а лекцијата ОСТАНУВА...

ПРИКАЗНА ЗА ДВАТА ВОЛЦИ: Се чита за 10 секунди, а лекцијата ОСТАНУВА ЗАСЕКОГАШ

1527
0

ПРИКАЗНА ЗА ДВАТА ВОЛЦИ: Се чита за 10 секунди, а лекцијата ОСТАНУВА ЗАСЕКОГАШ

Еднаш еден стар Индиец и неговиот млад внук седеле пред оганот. Дедото се трудел на малиот да му пренесе што повеќе мудрост и знаење и на тој начин да го опреми за животот кој му претстоел.

Затоа му ја раскажа оваа приказна…

Во секое човечко суштество се води континуирана битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волци – започна мудриот Индиец.

Како за два волци? – праша малиот.

Едното е ЗЛО! Тоа се страв, гнев, завист, огорченост, лажна гордост, алчност, его, но и тага, ароганција, самосожалување и вина. Но има и ДОБАР ВОЛК! Тоа се радост, спокојство, љубов, надеж, бодрење, добрина, сочувство, великодушност, вистина и верба – учеше Индиецот.

И… Кој волк победува? – прашал задишан внукот.

Тој што повеќе го храниш – кратко рекол мудриот дедо.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име