Дома Нега и убавина Дали ви пречат испукани пети? Ова ќе ви помогне!

Дали ви пречат испукани пети? Ова ќе ви помогне!

165
0

Се приближува периодот кога нашите стапала ќе бидат се повоочливи, затоа припремете ги вашите пети за најомилените сандали…
Ако некогаш сте се запрашале зошто испуканите пети почесто влијаат на постарата популација, одговорот е во еластичноста на кожата. Покрај тоа, некои луѓе едноставно имаат сува кожа предиспонирана за пукање. Состојбата може да зависи и од тежината на лицето , од начинот на одење, од недостаток на соодветна грижа во текот на целата година.
Како да си помогнете?
За почеток ако имате проблеми со одењето, набавете си ортопедски влошки . Исто така, не би било лошо да посетите педикир, особено ако раните се длабоки и болни . Се разбира, можете и самите да си дадете прва помош дома…
До убави и негувани потпетици во три чекори:
Секогаш ставајте ги производите на чисти нозе . Направете бања користејќи благ сапун и половина лимон , а доколку имате, додадете малку сок од папаја.
Откако ќе ги натопите нозете околу 10 минути, нежно отстранете го вишокот мртви клетки. Не го правете тоа премногу често! Педикирите предупредуваат дека честопати парталавата кожа брзо се навикнува, па затоа, меѓу третманите, тие препорачуваат пилинг или триење со погруб фротир.
Изберете крем или масло што ќе ја хидрира третираната кожа. Ако е крема, се препорачува да биде мрсна, како од невен . Може и вазелин. Производите масирајте ги со кружни движења. Користете го истиот трик како и за рацете, користете само памучни чорапи наместо ракавици . Тие треба да ја подобрат апсорпцијата на препаратот во кожата преку ноќ.
Важно е редовно да ги негувате стапалата , не само кога треба да ги покажете. Направете го тоа лесно за себе – покрај кремот за раце, држете го кремот за нозе на ноќната маса. Не би дозволиле вашите раце да бидат со сува кожа, тогаш зошто да го сторите тоа со нозете?

Претходна објаваЈаболка полнети со ореви: Неодоливо брзо уживање! (РЕЦЕПТ)
Следна објаваПрви април, денот на шегата и смеата! Априлилили…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име