Дома Живот Kолку вода треба да пиеме во текот на денот…

Kолку вода треба да пиеме во текот на денот…

719
0

Осум чаши е мит, еве точно колку вода треба да пиеме во текот на денот…

Вода ни треба за да ги извршиме скоро сите телесни функции. Ако не пиеме доволно вода, ќе бидеме дехидрирани, што значи дека нашето тело нема доволно вода за да може нормално да функционира.

Со децении, на луѓето им се препорачува да пијат осум чаши вода во текот на денот, но во реалноста, таа приказна е малку посложена.

Пиењето вода е важно затоа што ја губиме во текот на денот со дишење, потење и мокрење.

Некои фитнес експерти открија едноставна равенка што може да се искористи за да се пресмета колку чаши вода ни се потребни во текот на денот. Формулата за пресметка е така што бројот на килограми што ќе го помножите со 0,6, што потоа треба да го поделите со бројот 15.

На пример:

Aко имате 80 килограми, ќе добиете резултат од 3,2, што значи дека треба да пиете 3,2 литри вода во текот на денот. Просечната чаша содржи 200 мл вода, што значи дека треба да пиете 16 чаши вода на ден.

Но, треба да имаме предвид дека вода во текот на денот земаме и од други извори како што се чај и кафе или храна. Општо земено, луѓето добиваат 80 проценти од потребната течност од пијалоци, а 20 проценти од храната.

Се разбира, постојат и други фактори кои ќе влијаат на нашите потреби за вода. Ако консумираме големи количини сол, шеќер или алкохолни пијалоци, сме спортисти или живееме во сува или топла клима, нашите потреби за вода се уште поголеми.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име