Дома Твој готвач Вкусна пита од тиквички: Брза и лесна за подготовка – појадок што...

Вкусна пита од тиквички: Брза и лесна за подготовка – појадок што вашето семејство ќе го обожава

79
0

Вкусна пита од тиквички: Брза и лесна за подготовка – појадок што вашето семејство ќе го обожава

Питата од тиквички и сланина е подеднакво вкусна и топла и ладна и нема да можете да се запрете на едно парче.

Ова не е обична пита од тиквички, туку нешто помеѓу фритата и мафинот. Полна е со протеини и зеленчук, а можете да уживате во ова јадење за појадок или како ужина.

Многу е едноставно за подготовка, а покрај тиквичките , чедарот и сланината му даваат на ова јадење специфичен вкус.

Состојки:

🔷400 г тиквички (рендани)

🔷1 главица кромид

🔷1/4 шолја маслиново масло

🔷200 г сланина

🔷1 чешне лук

🔷5 големи јајца

🔷1 чаша брашно

🔷1 прашок за пециво

🔷1/2 чаша чедар

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Ставете хартија за печење во плех со димензии 30×20. Од страната одделете малку сирење и сланина за да ги наросите по површината.

Пржете ја сланината во масло, а потоа додадете го лукот кон крајот.

Изматете ги јајцата, потоа додадете го брашното и матете додека не добиете мазна смеса. Додадете неисцедени тиквички, ситно исечкан кромид, масло и сланина од тавата и чедар сирење.

Мешајте со дрвена лажица додека не се соедини.

Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење, потоа убаво израмнете го и посипете го преостанатото сирење и сурова сланина одозгора.

Печете 35 минути или додека не добие златна боја и чепкалка за заби забодена во питата не излезе чиста.

Оставете да се излади во тавата 10 минути, потоа извадете и изладете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име