Дома Здравје Шокантно откритие: Во овие години, телото брзо старее – два критични периоди...

Шокантно откритие: Во овие години, телото брзо старее – два критични периоди кога сè полека откажува

133
0

Шокантно откритие: Во овие години, телото брзо старее – два критични периоди кога сè полека откажува

Научниците ја открија точната возраст кога телото почнува да старее.

Истражување од Универзитетот Стенфорд, кое следело повеќе од 135.000 биолошки индикатори кај испитаници, открило дека стареењето не е униформно. Наместо тоа, тоа се случува во нагли периоди во прецизно дефинирани години.

Првата значајна промена се случува околу 44-годишна возраст, кога телото почнува да го менува метаболизмот на мастите и ги покажува првите знаци на стареење на кардиоваскуларниот систем. Во овој период, луѓето често забележуваат дека им е потешко да одржат линија, дека закрепнувањето и толеранцијата на кафе или алкохол се побавни од порано.

Вториот, поинтензивен бран на стареење доаѓа околу 60-тата година од животот, кога имунолошкиот систем и бубрезите почнуваат да работат под поголем товар. Знаците на стареење стануваат поочигледни, а она што претходно беше незначително сега станува сериозен сигнал.

Иако стареењето не може целосно да се запре, може да се забави ако се препознаат клучните моменти. Во периодот околу 44-годишна возраст, многу луѓе живеат под стрес и лоши навики, што го забрзува процесот на стареење. По 60-годишна возраст, падот на квалитетот на спиењето и физичката активност дополнително ја влошува состојбата.

Затоа е важно да реагираме навреме и да ги промениме навиките пред телото да почне да донесува одлуки наместо нас.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име