Го намалува апетитот и спречува прејадување: Диетата со палента трае само 4 дена, а прави чуда за телото.
Сакате да ослабете за само 4 дена? Откријте ја диетата со палента! Богата со растителни влакна, го намалува апетитот и спречува прејадување.
Палентата е клучот за брза детоксикација и губење на тежината ! Оваа диета трае само четири дена, а нејзината тајна лежи во високата содржина на растителни влакна – тие апсорбираат вода, создаваат долготрајно чувство на ситост и спречуваат прејадување.
Зошто е палентата моќна?
Палентата обично се прави со жолто пченкарно брашно, но нема да погрешите ниту ако користите бело брашно.
Зошто палентата е толку ефикасна во слабеењето?
Бомба од влакна: Една чаша жолто пченкарно брашно содржи околу 8,5 г влакна, што е дури 34% од препорачаниот дневен внес за жени.
Ниска калорична вредност: Содржи многу малку калории (100 грама варено пченкарно брашно има само 70 калории).
Тајната на ситоста: Влакната апсорбираат вода, отекуваат и создаваат долготрајно чувство на ситост и спречуваат прејадување, што е основа на оваа диета.
Диетата со палента трае четири дена, а можете да ја повторувате секоја недела така што ќе ја следите оваа диета четири дена и ќе јадете нормално во другите три дена, пишува Nyjena.
4-дневен план за оброци:
Понеделник
Појадок: 100 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 100 г палента, 50 г младо сирење и еден домат
Вечера: 100 г палента, чаша кефир
Вторник
Појадок: 200 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 200 г палента, 50 г младо сирење и еден домат
Вечера: 100 г палента, чаша кефир
Среда
Појадок: 200 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 200 г палента, 50 г младо сирење и еден домат
Вечера: 200 г палента, чаша кефир
Четврток
Појадок: 200 г палента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица
Ручек: 300 г палента, 50 г младо сирење и еден домат
Вечера: 200 г палента, чаша кефир.
Совет за успех
Клучот за успех е хидратацијата! Палентата е полна со растителни влакна и затоа е потребно да пиете многу вода, чај или лимонада во текот на денот. Зголемениот внес на течности ќе им помогне на влакната да отечат и ќе ви обезбедат подолго чувство на ситост, што ќе ви го олесни поднесувањето на диетата.








