Дома Здравје Гастроентеролог открил чудотворен пијалок: Ако секој ден додадете парче од ова овошје...

Гастроентеролог открил чудотворен пијалок: Ако секој ден додадете парче од ова овошје во вода, ќе го регулирате варењето на храната

548
0

Гастроентеролог открил чудотворен пијалок: Ако секој ден додадете парче од ова овошје во вода, ќе го регулирате варењето на храната

Чаша вода со лимон секој ден може да помогне во хидратацијата, варењето и имунитетот, но со малку внимание за оние со чувствителен стомак или заби.

Познатиот гастроентеролог од Харвард, д-р Саураб Сети, тврди дека додавањето само едно парче лимон во чаша вода секој ден може значително да ја подобри хидратацијата, варењето и целокупното здравје.

Многу луѓе забораваат да пијат доволно течности во текот на денот, а лимонот не само што ѝ дава на водата пријатен вкус, туку, според експертите, помага во варењето на храната, ја зголемува енергијата и концентрацијата.

Лимонот е богат со витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот, го поттикнува создавањето на колаген и помага во апсорпцијата на железо. Еден лимон содржи околу 35 мг од овој витамин, што е околу 40 проценти од дневните потреби на возрасен.

Д-р Сети додава дека благата киселост на лимонот може да го стимулира лачењето на желудечните сокови и да го олесни варењето на храната, особено ако се пие пред оброк. Топлата вода со лимон и мед може да биде смирувачка, но не треба да биде премногу топла, бидејќи високата температура уништува дел од витаминот Ц.

Сепак, докторот предупредува дека луѓето со киселина или рефлукс треба да бидат внимателни, бидејќи лимоните можат да ги влошат симптомите. Исто така, поради својата киселост, лимонот може да ја оштети забната глеѓ, па затоа се препорачува да се пие преку сламка и да се исплакнува устата со обична вода, пишува Мирор.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име