Дома Здравје Фармацевт: Дали имате висок крвен притисок? Избегнувајте ги овие пет додатоци во...

Фармацевт: Дали имате висок крвен притисок? Избегнувајте ги овие пет додатоци во исхраната

550
0

Фармацевт: Дали имате висок крвен притисок? Избегнувајте ги овие пет додатоци во исхраната

ВИСОКИОТ крвен притисок, или хипертензија, влијае на повеќе од милијарда луѓе ширум светот. Третманот е клучен за намалување на ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, но одредени витамини и додатоци во исхраната можат да ја влошат состојбата или да ја намалат ефикасноста на лековите за крвен притисок. Затоа фармацевтката Кирстин Хил ги предупредува луѓето кои се борат со хипертензија да ги избегнуваат следниве додатоци во исхраната.

  1. Витамин Д (во високи дози)

Витаминот Д природно се наоѓа во одредени видови храна, а телото го произведува преку изложеност на сончева светлина.

„Некои истражувања покажаа дека може да помогне при висок крвен притисок во дози помеѓу 200 и 8.000 IU дневно, но поголемите количини, над 10.000 IU, можат да доведат до опасно високи нивоа на калциум (хиперкалцемија), што може да предизвика висок крвен притисок со текот на времето. Дополнително, високите дози на витамин Д можат да реагираат со диуретиците што се користат за лекување на хипертензија, спречувајќи го телото да излачува вишок калциум. Лекарите препорачуваат проверка на нивоата на витамин Д пред да земате додатоци во исхраната“, објаснува Хил за Health .

  1. Корен од сладунец

„Коренот од сладунец (Glycyrrhiza glabra) често се користи како арома во храна и пијалоци, но содржи глициризинова киселина (GA), која може да го зголеми крвниот притисок“, истакнува фармацевтот. Студиите покажаа дека дозите дури и од 100 милиграми дневно можат да предизвикаат висок крвен притисок и сериозни несакани ефекти.

„Овој додаток може да се меша и во ефектите на лековите за крвен притисок и диуретиците, зголемувајќи ги нивоата на натриум и намалувајќи го калиумот во телото, што може да биде опасно“, додава Хил.

  1. Кантарион

Кантарионот (Hypericum perforatum) традиционално се користи за ублажување на симптомите на депресија и менопауза, но може да ги ослабне ефектите на многу лекови, вклучувајќи ги и оние за висок крвен притисок.

„ Истражувањата покажаа дека кантарионот ја намалува апсорпцијата на лекови како што се нифедипин (Прокардија) и верапамил, со што се намалува нивната ефикасност. Затоа, важно е да разговарате со вашиот лекар пред да го користите овој додаток за да избегнете можни интеракции“, забележува фармацевтот.

  1. Горчлив портокал

Горчливиот портокал (Citrus aurantium) се користи во додатоците во исхраната за слабеење и подобрување на спортските перформанси. Содржи соединение п-синефрин, кое делува слично на забранетиот стимуланс ефедрин.

„ Студиите покажуваат дека додатоците во исхраната со горчлив портокал може да го зголемат крвниот притисок и срцевиот ритам, како и ризикот од мозочен и срцев удар. Сепак, горчливиот портокал во храната и пијалоците не претставува ризик. Сепак, се препорачува претпазливост и консултација со лекар пред да ги земете овие додатоци“, заклучи Хил.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име