Колку често треба да се отстранува забен камен од забите?
Се јавува кога забниот плак се стврднува и се врзува за површината на забот, а единствениот начин да се отстрани е со професионално чистење кај стоматолог.
Забен камен не е само естетски проблем – може да доведе до воспаление на непцата, лош здив и посериозни проблеми со оралното здравје. Се јавува кога забниот плак се стврднува и се врзува за површината на забот, а единствениот начин да се отстрани е преку професионално чистење кај стоматолог.
На повеќето луѓе им се препорачува да го отстрануваат забниот камен двапати годишно (на секои 6 месеци), како дел од редовниот стоматолошки преглед. Сепак, фреквенцијата зависи од индивидуални фактори:
Брзината на формирање на камен – кај некои луѓе, тој се формира побрзо поради составот на плунката и начинот на кој јадат.
Навики во оралната хигиена – неправилното и нередовно миење на забите доведува до побрзо таложење на плак.
Пушењето – значително го забрзува формирањето на камења.
Постоечки заболувања на непцата – бараат почесто професионално чистење, понекогаш на секои 3-4 месеци.
Зошто е важно редовното отстранување на бигорот?
Спречува појава на гингивит и пародонтопатија.
Го намалува ризикот од кариес.
Ја подобрува свежината на здивот.
Ја зачувува природната боја на забите.
Совет од стоматолог: Заедно со редовните прегледи и професионалното чистење, темелното миење на забите двапати дневно и користењето конец за заби значително го забавуваат создавањето на забен камен.








