Дома Здравје Тиква – кралица на есента: 6 причини зошто е одлична за здравјето

Тиква – кралица на есента: 6 причини зошто е одлична за здравјето

370
0

Тиква – кралица на есента: 6 причини зошто е одлична за здравјето

Есента пристигна, а со неа и тиквата – вкусна и хранлива храна која крие бројни здравствени придобивки за телото и имунитетот.

Есента официјално пристигна, а со неа и сезоната на тикви. Оваа нискокалорична и исклучително хранлива храна не само што ја краси трпезата во септември и октомври, туку носи и бројни здравствени придобивки.

Без разлика дали ја користите во супи, пити, смутија или како печен десерт, тиквата е вистински сојузник за здравјето.

6 причини зошто тиквата е одлична за здравјето:

  1. Богат со витамини и минерали

Тиквата е извор на витамин А, благодарение на бета-каротенот, кој го зачувува здравјето на очите и го зајакнува имунитетот. Покрај тоа, содржи витамин Ц и Е, витамини од групата Б, како и минерали како што се калиум, магнезиум и железо.

  1. Помага во варењето на храната

Високата содржина на диететски влакна ја подобрува функцијата на цревата и ги намалува проблемите со запек и надуеност. Редовното консумирање тиква ја поддржува здравата цревна микрофлора.

  1. Го поддржува здравјето на срцето

Калиумот помага во регулирањето на крвниот притисок, додека растителните влакна и антиоксидансите го намалуваат нивото на лош холестерол, со што го штитат срцето и крвните садови.

  1. Помага во регулирањето на телесната тежина

Тиквата е нискокалорична и богата со растителни влакна, што дава чувство на ситост и помага во контролата на апетитот, идеална за секој што сака да ја одржи или намали телесната тежина.

  1. Здрава кожа и коса

Бета-каротенот ја штити кожата од стареење и оштетување од сонце, додека витамините и минералите ја зајакнуваат косата и ноктите, одржувајќи ги здрави и сјајни.

  1. Зајакнување на имунитетот на есен

Витаминот А и Ц заедно со антиоксидансите му помагаат на телото да се бори против вирусите и бактериите, што е особено важно за време на сезоната на настинки и грип.

Тиквата не е само вкусна и декоративна, туку и вистинска витаминска бомба. Нејзината редовна консумација помага во варењето на храната, срцето, кожата, имунолошкиот систем и придонесува за општото здравје.

Искористете ја есента за да ја воведете оваа хранлива храна во вашата секојдневна исхрана – печена, варена или во супа, изборот е ваш!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име