Дома Здравје Милиони тинејџери пушат електронски цигари. Дали е здраво?

Милиони тинејџери пушат електронски цигари. Дали е здраво?

262
0

Милиони тинејџери пушат електронски цигари. Дали е здраво?

ЖЕНЕВА – Најмалку 15 милиони тинејџери на возраст меѓу 13 и 15 години користат електронски цигари низ целиот свет, при што младите луѓе се во просек девет пати посклони кон вејпинг од возрасните, објави денес Светската здравствена организација (СЗО).

Во својот прв глобален извештај за употребата на електронски цигари, СЗО наведува дека повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот сега користат вејпови, вклучувајќи најмалку 86 милиони возрасни, претежно во земји со висок животен стандард, пренесува Ројтерс.

Податоците доаѓаат во време кога глобалната употреба на тутун продолжува да опаѓа, при што бројот на корисници се намали од 1,38 милијарди во 2000 година на 1,2 милијарди во 2024 година.

Со сè построгите регулативи што помагаат да се намали употребата на тутун, индустријата се сврте кон алтернативни производи како што се вејповите за да го компензира падот на продажбата.

Тутунските компании тврдат дека ги таргетираат возрасните пушачи за да им помогнат да се откажат од пушењето и да ја намалат штетата од пасивното пушење.

И кај нас се почето се користат.

„Сепак, електронските цигари предизвикуваат нов бран на зависност од никотин“, предупреди Етјен Круг, директор на одделот за промоција и зачувување на здравјето во СЗО.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име