Дома Психолошки совети Познат психијатар: Три работи што не можете да ги промените во животот...

Познат психијатар: Три работи што не можете да ги промените во животот – но мора да ги разберете

351
0

Познат психијатар: Три работи што не можете да ги промените во животот – но мора да ги разберете

Аргентинскиот писател д-р Хорхе Букај, кој е и психијатар и психотерапевт со богато искуство, во една од своите книги пишувал за важни вистини до кои дошол во текот на својот живот.

Букај вели дека постојат три вистини .

Првата вистина е: „ Во овој момент, сè е онака како што е.“

Работите се такви какви што се. Тие не се такви какви што би сакал да бидат, какви што беа некогаш, или какви што засекогаш ќе бидат. Сè е едноставно такво какво што е.

Втората вистина е: „ Добрите работи не доаѓаат бесплатно“.

Добрите работи не се сосема бесплатни. Постои цена што треба да се плати – не секогаш во пари или материјални работи, но секогаш на некој начин. Добрите работи имаат цена и тоа мора да се разбере. Спротивното гледиште е детско: „Го сакам тоа, и бидејќи ме сакаш, мора да ми го дадеш бесплатно.“

Тоа не е живот, тоа не е вистина. Животот е размена. Ако нешто има вредност, мора да се плати цена за тоа. Лошите работи понекогаш доаѓаат бесплатно, но добрите работи никогаш не се бесплатни.

Третата вистина е: „ Не можеш да правиш што сакаш“.

Не можеш да правиш сè што сакаш. Но, секогаш можеш да го избегнеш она што не сакаш да го правиш. Не можеш сè да правиш, но секогаш можеш да кажеш не. Тоа е наша привилегија како човечки суштества – и наше право.

„Да, не беше лесно да се дојде до овие вистини, но мислам дека тие сè уште важат. Можеби еден ден тоа ќе се промени, и ќе ви кажам – но засега, така е“, вели Хорхе Букај , пишува Metropolitan.si.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име