Дома Здравје 6 намирници кои ќе ве стоплат и ќе ве одржат здрави!

6 намирници кои ќе ве стоплат и ќе ве одржат здрави!

1033
0

За време на студените зимски денови, правилната исхрана е клучна за да го заштитите вашиот имунитет.

Важно е да вклучите здрава и разновидна храна во вашата исхрана и да ја консумирате умерено. Правилен избор е храната богата со витамини, минерали и растителни влакна.

Ви предлагаме список од 6 намирници кои ќе ве заситат, заштитат и загреат…

1. РОТКВИЦА

Ротквицата е одличен извор на витамин Ц – има крцкава текстура и малку сладок вкус. Гответе ја ротквицата со малку сол и ќе добиете одличен гарнир со главното јадење.

Можете лесно да ја пржете со друг зеленчук, и да служите со соја сос.

2. ЗЕЛКА

Една чинија од овој лиснат зеленчук ги покрива дневните потреби на организмот за витамин К, Ц и растителни влакна. Зелката содржи и фитонутриенти кои природно го чистат организмот.

Свеж сок од зелка помага при бронхитис (со мед), цревни заболувања, чиреви на желудник , варење, кашлица, мамурлак, анемија.

3. ПОРТОКАЛОВ ЗЕЛЕНЧУК

Морков, тиква, сладок компир – е одличен извор на витамин Ц што прави чуда на имунитетот. Овој зеленчук содржи бета каротен , моќен антиоксиданс кој го одржува имунолошкиот систем силен и здрав.

Бета-каротенот придонесува за здравјето на очите, и помага во борбата против ракот и срцевите заболувања.

4. МАСТ И ЧВАРКИ

Кога станува збор за маст, најчесто се истакнува дека содржи „тешки“ заситени масни киселини, но помалку е познато дека во него доминираат незаситени масни киселини, кои се препорачуваат како најздрави масти. Особено е богат со олеинска киселина, која има корисен ефект врз циркулаторниот систем. Свинската маст од поодамна е позната како природен лек за ублажување на проблеми со кожата, респираторни и ревматски заболувања …

Иако може да се јадат во текот на целата година, чварките се сметаат за зимска храна, затоа вклучете ги во менито, но консумирајте ги умерено.

5. ЛУК

Повеќето луѓе знаат дека лукот спречува рак, го намалува холестеролот, лечи настинки, но исто така може да помогне во намалување на нивото на висок крвен притисок.

Тој е добро познат чувар на имунитетот, па затоа е идеален избор за студените зимски денови.

6. ЦВЕКЛО

Најчести витамини се Б1, Б2, Ц и витамин Б12. Цвеклото е специфична црвена боја, добиена од антоцијанини. Оваа состојка влијае на регенерацијата на крвта во организмот, а студиите докажаа дека цвеклото има антиканцерогено дејство. Цвеклото е одличен избор за лекување на анемија кај деца и млади затоа што е богато со железо. Исто така, има корисен ефект врз работата на цревата, бидејќи содржи целулоза и пектин.

Лековитите својства на цвеклото доаѓаат од неговите состојки – бетанин и бетаин. Тие го регулираат крвниот притисок, го намалуваат холестеролот, ги одржуваат крвните клетки во добра состојба и ја стимулираат функцијата на црниот дроб.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име