Дома Здравје 5 работи што никогаш не ги правам пред 9 часот наутро, по...

5 работи што никогаш не ги правам пред 9 часот наутро, по 20 години лекување на пациенти со срцев удар: Кардиолог предупредува!

6
0

5 работи што никогаш не ги правам пред 9 часот наутро, по 20 години лекување на пациенти со срцев удар: Кардиолог предупредува!

Во статија за CNBC MakeIt, тој напиша: „Пишував и претходно за навиките што ги избегнувам по седум часот навечер, но она што го правиме веднаш по будењето може да биде уште поважно за здравјето на срцето.“

Д-р Санџај Бојрај е специјалист по интервентна кардиологија со сертификат за функционална медицина и основач на Институтот за функционална медицина „Лагуна“. Тој се смета за еден од пионерите во поврзувањето на модерната кардиологија и промените во животните навики, а како национален едукатор на Институтот за функционална медицина, со години ги учи лекарите како исхраната и секојдневните навики влијаат на здравјето на срцето. По повеќе од две децении работа со пациенти со срцев удар, тој издвои пет работи што никогаш не ги прави пред девет часот наутро.

Во статија за CNBC MakeIt, тој напиша: „Пишував и претходно за навиките што ги избегнувам по седум часот навечер, но она што го правиме веднаш по будењето може да биде уште поважно за здравјето на срцето.“

Токму наутро срцето доживува најинтензивни промени. Тогаш нивото на хормонот кортизол се зголемува, крвниот притисок почнува да се зголемува, а варијабилноста на срцевиот ритам се намалува додека телото преминува од состојба на мирување во состојба на целосна активност.

Бројни студии покажаа дека најголемиот број на срцеви удари и случаи на ненадејна срцева смрт се случуваат токму во првите неколку часа по будењето. Затоа она што го јадеме, пиеме и колку сме под стрес наутро може да има многу поголемо влијание отколку што повеќето луѓе сфаќаат.

Како татко на три деца, добро знам колку можат да бидат хаотични утрата. Сепак, по повеќе од 20 години работа како кардиолог, постојат одредени работи што никогаш не ги правам пред девет часот.

Засладено кафе

Големите ароматизирани кафињаа често содржат помеѓу 30 и 50 грама шеќер, и тоа пред дури и да појадувате.

Таа количина шеќер ги зголемува нивоата на гликоза во крвта, предизвикува силен инсулински одговор и може да придонесе за метаболички нарушувања на долг рок. Освен тоа, многу брзо повторно ќе почувствувате глад.

Пецива за појадок

Кроасаните, мафините и сличните печива се комбинација од рафинирани јаглехидрати и заситени масти, а во исто време содржат многу малку растителни влакна и протеини.

Резултатот е ненадеен скок на енергијата, проследен со подеднакво брз пад. Ваквите осцилации не се она што му е потребно на срцето на самиот почеток од денот.

Преработени месни производи

Сланината, колбасите и шунката често содржат големи количини сол и заситени масти, а многу производи содржат и нитрати, конзерванси кои, кога се консумираат редовно, се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Повремената консумација не е проблем, но дневниот внес на овие намирници може да претставува ризик.

Енергетски пијалоци

Ова е правило од кое, вели кардиологот, тој никогаш не отстапува.

Енергетските пијалоци обично содржат големи количини на кофеин, шеќер и други стимуланси кои вршат дополнителен стрес врз кардиоваскуларниот систем. Тие можат да го забрзаат отчукувањето на срцето, да го зголемат крвниот притисок и кај некои луѓе да предизвикаат нарушувања на срцевиот ритам, особено веднаш по будењето кога телото природно се подготвува за дневни активности.

Кафе без појадок

Прескокнувањето на појадокот само по себе не мора да биде нездраво, особено ако некој свесно практикува повремен пост, пие доволно течности, го започнува денот лесно и не е под стрес.

Проблемот настанува кога луѓето всушност не постат, туку само брзаат низ утрото. Многу од моите пациенти пијат кафе на празен стомак, одговараат на деловни пораки, земаат лекови без храна и функционираат исклучиво на адреналин. Околу десет часа, нивниот нервен систем е престимулиран, додека нивото на шеќер во крвта брзо флуктуира.

Како што старееме, телото е сè потешко да ги толерира таквите промени. Затоа утринската рутина што вклучува многу течности, хранлив појадок и неколку моменти на тишина може да му помогне на телото да функционира онака како што е природно замислено.

Како изгледа утрото на кардиолог

Мојата утринска рутина не е комплицирана. Поважно ми е да бидам доследен отколку да се стремам кон совршенство.

Најмногу внимание обрнувам на протеини, влакна и внес на течности, но и на тоа да не го започнувам денот под голем стрес.

Ова обично значи јајца со овошје или урда со бобинки и јаткасти плодови. Исто така, често бирам грчки јогурт или овесна каша со семе од чиа. Понекогаш јадам само дел од појадокот додека ги подготвувам детските закуски, а остатокот го завршувам малку подоцна.

Обавезно пијам вода пред првото кафе, бидејќи не сакам кофеинот да биде првиот сигнал што моето тело го добива откако ќе се разбудам.

Исто така, верувам дека многумина го потценуваат влијанието на нервниот систем врз здравјето на срцето.

Пред да направите какви било значајни промени во исхраната или начинот на живот, ве советувам да се консултирате со вашиот лекар. Сепак, на речиси сите пациенти им го кажувам истото: напорното и стресно утро го менува начинот на кој функционира телото.

Дури и пет минути бавно дишење, кратка прошетка, истегнување или излегување на утринското сонце можат многу полесно да му помогнат на телото да премине од мирување кон дневни активности.“

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име