Дома Живот 3 пијалоци што можете да ги пиете пред спиење

3 пијалоци што можете да ги пиете пред спиење

1162
0

Ослободете се од несоницата и забрзајте го метаболизмот!

Наместо кафе, кое може да предизвика несоница, најдобро е да пиете пијалоци пред спиење кои можат да го подобрат сонот, да го регулираат нивото на шеќер во крвта и да го забрзаат согорувањето на телесните масти.

Освен кај децата, една чаша млеко делува и кај возрасните. Ни помага побрзо да заспиеме и подобро да спиеме, а подобар сон значи помала потреба за храна. Исто така, луѓето кои се физички активни ќе имаат корист од млечните протеини кои полека се разградуваат и на тој начин ги хранат мускулите, а не мастите.

Чаша топол чај од камилица пред спиење делува како седатив. Овој вкусен пијалок го стимулира производството на глицин – невротрансмитер кој го релаксира нервниот систем и делува како благ седатив.

Исто така, чајот од камилица пред одмор ја регулира телесната температура и на тој начин ни помага да заспиеме побрзо и полесно.

Иако не се препорачува пиење овошни сокови пред спиење, сокот од грејпфрут е исклучок. Само еден децилитар природен сок од грејпфрут може да ви помогне во согорувањето на телесните масти во текот на ноќта. Овој горчлив напиток го регулира биолошкиот дневен ритам и помага во согорувањето на мастите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име