Дома Твој готвач 15 МИНУТНА ТОРТА СО БАНАНИ И ПЛАЗМА БИСКИТ

15 МИНУТНА ТОРТА СО БАНАНИ И ПЛАЗМА БИСКИТ

729
0

15 МИНУТНА ТОРТА СО БАНАНИ И ПЛАЗМА БИСКИТ

СОСТОЈКИ:

300 гр плазма бисквити (или бисквити петит бер)

3 пудинзи од ванила

9 лажици шеќер

1 литар млеко

200 гр путер

4 лажици кисела павлака

4-5 банани

200 мл слатка павлака за шлаг

ПОДГОТОВКА:

Во малку млеко се меша прашокот за пудинг со шеќер. Остатокот од млекото сварете го и кога ќе зоврие сварете го пудингот. Гответе со мешање неколку минути додека пудингот не се згусне. Се трга од оган и се меша путерот исечен на парчиња додека е уште топол, добро се промешува со жица додека кремот целосно не се растопи. Потоа додадете ја павлаката и повторно добро измешајте за кремот да се изедначи. Потоа додадете ги бисквитите искршени на парчиња (скршете ги со раце) и сè заедно добро измешајте со процесор за храна. Половина од смесата истурете ја во лист со средна големина премачкан со тенок слој путер, ставете ги бананите исечени по должина една до друга, покријте со остатокот од смесата и оставете да се излади и исцеди. Оладениот колач намачкајте го со специјално изматена слатка павлака, исечете ја на парчиња со саканата големина и уживајте во секој залак.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име