Дома Живот 10 позитивни мисли за подобар викенд!

10 позитивни мисли за подобар викенд!

1035
0

Не дозволувајте грижи, пријатели, дожд или нешто трето да ви го расипат викендов! И, ако ви се чини дека денес ви влезе некакво сивило, ви донесуваме список на позитивни мисли кои барем накратко ќе го обојат вашето расположение. Секако, нашата листа не е целосна и на неа можете да ги напишете вашите мантри за среќа!

Сè што не ви се допаѓа во животот, можете да го промените!

Заслужувате да бидете среќни – токму сега!

Вашите дела се инспирација за другите луѓе!

Ако имате само еден лош ден, тоа не значи дека е лош целиот живот! Почекајте мирно до утре, бидејќи утре е нов ден!

После дождот доаѓа виножитото! Или – секое зајдисонце е проследено со ново изгрејсонце!

Она за што размислувате, тоа и го привлекувате во вашиот живот! Затоа – размислувајте позитивно!

Позитивните резултати од вашата работа нека бидат мотивација за иднината!

Болестите се резултат на стрес и нездрав начин на живот. Затоа, сменете ги животните навики!

Вие сте единствени и никој не може да ви го одземе тоа!

Животот е полн со можности! Го имате кормилото во ваши раце, и само вие избирате насока!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име