Дома Твој готвач ЏЕМ КИФЛИЧКИ по стар рецепт – убави, меки и ронливи, се топат...

ЏЕМ КИФЛИЧКИ по стар рецепт – убави, меки и ронливи, се топат во уста!

1109
0

ЏЕМ КИФЛИЧКИ по стар рецепт – убави, меки и ронливи, се топат во уста!

Ова е убав старомоден рецепт за меки, но во исто време и крцкави кифлички со џем кои само се топат кога ќе ги каснете… Едноставно не можете да им одолеете и пробајте само едена!

Состојки:
околу 500 гр брашно
100 гр маснотии
150 гр путер
25 гр свеж квасец
1 дл топла вода
3 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
малку сол
2 жолчки
рендана кора од лимон
Полнење:
џем по вкус
шеќер во прав за посипување

Подготовка:
Растворете го квасецот во половина шолја топла вода со лажичка шеќер и брашно, оставете го на топло место да нарасне. Во посебен сад измешајте го брашното со малку сол, додадете шеќер и ванилин шеќер, жолчка, маснотии и путер, изрендајте ја кората од лимон и на крај додадете го подготвениот квасец.

Замесете мазно тесто, формирајте ролат и поделете го на 6 дела.

Тестото е многу убаво и погодно за обликување, па не мора да мирува. Доволно е секое топче малку да се притисне, па тенко да се тркала во круг и да се подели на 8 дела.

На секој триаголник ставете по една лажичка џем и свиткајте го како ролат. Добро би било џемот да биде малку погуст, за да не се излее при печењето.

Се редат на плех обложен со хартија за печење и се пече во загреана рерна на 180 °C околу 15 минути.

Ролатите треба да останат светли и малку зарумени само на рабовите. Топлите кифлички валкајте ги веднаш во шеќер во прав во кој претходно сте додале ванилин шеќер.

Може да се грицкаат веднаш, само внимавајте на жешкиот џем во средината!

Напомена:
Кифличките може да се подготват однапред и да се чуваат во кутија 7-10 дена.
Наместо маснотии, можете да користите само путер или маргарин.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име