Дома Здравје Чајот и сирупот од ловор се одлични за кашлица и болки во...

Чајот и сирупот од ловор се одлични за кашлица и болки во грлото

1321
0

Ловоровиот лист долго време е ценет како врвен зачин кој на јадењата им дава карактеристична арома, но и како природен лек кој има антиинфламаторно и антисептично дејство.

Лисјата на древното зимзелено растение кое расте низ Медитеранот се богати со различни минерали (калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен) и витамини од групата Б кои се важни за метаболизмот, хормоналната рамнотежа и нормалните нерви и мускули.

Ловорот се користи во лекување на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и ревматизам, како и нервоза и несоница.

Етеричното масло од ловор е одлично за инхалации, а многу е корисно и за дезинфекција на местото во сезоната на настинки и вируси.

Се препорачуваат чај и сируп од ловоров лист за зајакнување на имунитетот, чистење на дишните патишта и ублажување на кашлица, болки во грлото и бронхитис.

Чај од ловор

Искинете 3 свежи или суви ловорови листови на помали парчиња или ситно исечкајте ги, па прелијте ги вода и варете 10 минути.

Се трга од оган и се остава покриено 10 минути, па се процедува.

Кога малку ќе се олади додадете една лажица сок од лимон и 1-2 лажици домашен мед. Пијте 2-3 шолји чај дневно.

Ловоров сируп

Подгответе 6 свежи или 8 суви ловорови листови, вода, 6 лажици кафеав шеќер или мед, сок од 1 лимон.

Оставете ја водата да зоврие, а кога ќе зоврие додадете ги ловоровите листови и варете поклопено 6-10 минути. Отстранете го ловоровиот лист и истурете ја течноста во друг сад.

Додадете кафеав шеќер (или мед) и исцедете го лимонот. Добро измешајте сè додека шеќерот (или медот) целосно не се раствори.

Земете 1-3 лажички сируп дневно (може да се зема ладен или топол).

Ловоров сируп чувајте го во фрижидер, во стаклено шише. Може да стои неколку дена, а потоа да направи нови ако е потребно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име