Дома Здравје Црешите ги ублажуваат симптомите на оваа опасна состојба!

Црешите ги ублажуваат симптомите на оваа опасна состојба!

554
0

Подаграта е вид на артритис (воспаление на зглобовите) што се јавува под влијание на премногу урична киселина во крвта. Имено, ако бубрезите не можат да елиминираат доволна количина на урична киселина во телото, кристалите на урична киселина почнуваат да се формираат во зглобовите, предизвикувајќи гихт.

Студија на британски научници вклучувала 633 пациенти кои страдале од гихт. Научниците го набудувале нивното здравје во период од една година.

Пациентите кои јаделе 3 порции цреши неделно имале дури 35% ублажени симптоми, за разлика од оние кои не јаделе цреши. Една порција е од 10 до 12 цреши.

Ризикот од развој на гихт се зголемува со возраста и е 3-4 пати почест кај мажите отколку кај жените, а дебелината, прекумерната потрошувачка на алкохол и дијабетесот се најчестите фактори на ризик.

Истражувачите, чие истражување е објавено во списанието „Артритис и ревматизам“, исто така откриле дека кога црешите се консумираат во комбинација со лекови, симптомите на гихт се ублажуваат за 75%.

„Резултатите од нашата студија сугерираат дека конзумирањето цреши ги ублажува симптомите на гихт“, изјави водачот на студијата Проф. Јукинг Ханганг.

Научниците веруваат дека антиоксидансите во црешата се оние кои ги ублажуваат симптомите на гихт, и тие планираат да продолжат со истражувањето за да утврдат кои плодови исто така можат да го олеснат животот на луѓето кои страдаат од гихт.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име