Дома Здравје ХЕМОРОИДИ: Овие симптоми не смеат да се игнорираат!

ХЕМОРОИДИ: Овие симптоми не смеат да се игнорираат!

2340
0


Хемороидите се меѓу најчестите здравствени проблеми на современиот човек

Хемороидите се болест на отечени крвни садови во и околу анусот и долниот дел на ректумот, кои се шират под притисок.

Најчеста причина за оваа непријатна болест е стресот при движење на цревата, а се појавува и поради бременост, стареење, поради генетика, хроничен запек, дијареа, долго седење и анални инфекции.

Симптоми:

јадеж
пецкање
проблеми и болки при мокрење
крварење

Надворешни и внатрешни хемороиди

Надворешните се видливи однадвор и се покриени со многу чувствителна кожа. Кога на еден од нив ќе се развие згрутчување, на излезот од аналниот канал се создава оток и тие се присутни како тврд и болен израсток. Крварат само ако пукнат и најчесто се повлекуваат по терапијата за која е најдобро да се побара лекарска помош.

Симптомите на надворешните хемороиди вклучуваат горење и болка околу анусот. Целата област околу аналниот отвор е чувствителна, црвена, болна и чеша.

Внатрешните хемороиди се развиваат во анусот , тие се препознаваат преку крварење и израстоци кои се јавуваат за време на испуштањето. Тие стануваат непријатно ако се вклештат и не можат да се вратат во аналниот канал, што предизвикува силна болка и крварење.


Симптоми на внатрешни хемороиди се столици покриени со светла крв, крв на тоалетна хартија или на тоалет.

Третман

Хемороидите обично мора да се лекуваат, но ретко кој сака да ја признае оваа болест и да оди на лекар.

Според тоа, не е познато колку луѓе всушност страдаат од оваа болест, а се претпоставува дека се работи за секое второ лице постаро од 50 години.

Оваа непријатна појава се решава со терапија со топла купка, специјализирани креми, но и со консумирање храна богата со диетални влакна за столицата да биде со оптимална цврстина и редовна. Кога тоа не може да помогне, потребна е операција.

Може да се лекуваат и со диета

Симптомите на оваа болест исчезнуваат со лекување за неколку дена, а на луѓето склони кон оваа појава дефинитивно им е потребна подобра исхрана.

Најчесто се препорачува диета богата со растителни влакна како овошје и зеленчук, како и интегрални житарки. Покрај тоа, пијте повеќе течности и вежбајте редовно

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име