Дома Твој готвач ФИНИ ЧОКОЛАДНИ ШТАНГЛИ: Направени од состојки кои секогаш ги имате дома

ФИНИ ЧОКОЛАДНИ ШТАНГЛИ: Направени од состојки кои секогаш ги имате дома

3950
0

ФИНИ ЧОКОЛАДНИ ШТАНГЛИ: Направени од состојки кои секогаш ги имате дома

Десерт кој неодоливо мириса на лешници и чоколадо…
Состојки:
250 гр путер,
140 гр шеќер,
240 гр чоколадо за готвење,
100 гр мелени лешници,
6 јајца,
280 гр брашно,
3 лажици масло

Подготовка:
Во големо тенџере ставете путер, шеќер, 140 гр чоколадо за готвење, мелени лешници (оставете малку лешници за посипување на колачот) и 6 жолчки.
Растворете го сето тоа на ниска температура.
Кога ќе се растопи додадете 6 изматени белки и брашно
Добиената маса истурете ја во плех или калап прелиен со брашно (погодна е тава со димензии 33 cm x 20 cm)
Печете на 180 °C околу 25 минути (проверете со чепкалка дали е печено)

Направете ја глазурата така што ќе растопите 100 гр чоколадо и 3 лажици масло.

Оваа глазура прелијте ја на малку изладениот бисквит, посипете со мелени лешници, оставете да се излади и исечете ги на тенки штангли.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име